
Груби: Политиката да не се меша во судството и обратно
Политиката да не се меша во судството и обратно е одговорот на Артан Груби на прашањето околу ставот на ДУИ за иницијативата на Уставниот суд за оценување на уставноста на членот 11 од законот за помилување. Дополни дека секој треба да одговара пред законот, а како партија ќе дебатираат ќе гласаат и ќе го подржат автентичното толкување на законот за амнестија во собранието
Вели дека одговорност на функционерите на крај секако ќе има и преку усвојуавње на законот за ветинг.
На денешната седница на централното претседателство на партијата во тетовска Мала Речица се најдоа две точки на дневниот ред. Подготовките за престојниот четврти конгрес на партијата кој ќе се одржи во Скопје на 21 декември и статурните промени на ДУИ меѓу кои и формирање на нови три партиски тела.
Зоран Димовски