Криминална пресметка и рафали во хотелот Александар Палас

Рафали од автомат и истрели од пиштол, ноќеска нешто по полноќ, ги дигнаа на нозе гостите и вработените во скопскиот хотел „Александар Палас“. Во ресторанот во лобито на хотелот, се случи вооружена претсрелка меѓу две криминални групи, неофицијално од селата Грчец и Арачиново, а мотивите засега само се претпоставуваат.

Петмината кои седеле на една од масите, за кои нашите информаци велат дека се од скопски Грчец, биле нападанати од тројца маскирани од кои барем еден бил вооружен со автоматска пушка. На рафалите кон нивната маса, возвратил еден, полицаец кој не бил на должност а пукал од службениот пиштол. Неофицијално кон ресторанот било пукано и однадвор.

Од МВР без детали за настанот, освен куса инфромација во дневниот билтен.

Околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема,

стои во билтенот на МВР.

Полицијата молчи околу причината за вооружениот напад, што точно е забалежано на безбедносните камери во и околу хотелот и евентуалниот идентитет на напаѓачите.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ