ДКСК ги чешла анкетните листови на обвинителите на СЈО

Анкетните листови на обвинителите на СЈО се под лупата на антикорупционерите. Се отвора прашањето зошто во овие документи не се наведени високите бонуси од по речиси 20 илјади евра годишно, што ги земале по два основи, еднаш како надоместок на плата, а втор пат во договор со екс-специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Додатокот за доверливост, повисок и од основната плата што ја земале обвинителите на СЈО, го нема во нивните анкетни листови. Графата – „други приливи“ е празна, обелодени првиот антикорупциоенр Билјана Ивановска.

Казната за ваквото однесување можеби е незначителна, но срамот е голем, вели Ивановска во разговор за Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ