Руралните средини имаат потенцијал, но нема кој да го развива

Жителите од руралните средини на Југоистокот ги имаат сите предуслови за да заработуваат од туризам, но мора да се потрудат и да понудат стандарди. Познавачите на туризмот  велат дека можат да ги пренесат знаењата и искуствата од многу развиени туристички места, но мештаните сами мораат да се потрудат и да заработат.

О Агенцијата за туризам велат дека истражувањата покажуваат дека најуспешен е туризмот каде што има близина на аеродром. Но затоа, пак, Југоисточниот регион има две граници и можност за гости од соседството.

Струмичките граѓански здруженија изминатиот период ги мапираа туристичките точки и атракции и организираа повеќе дискусии на кои прават стратегии како да се развие туризмот и да се вклучат локалните жители во оваа дејност.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ