Лекарите со совет до планинарите – внимателно со пиење вода од планинските предели

Се почесто рекреативците по завршените планинарски тури се соочуваат со вртоглавица, дијареа и мачнина во стомакот. Тегобите ги добиваат откако ќе конзумираат некој производ или најчето се напијат вода од самата планина.

Планинарските друштва велат дека не секогаш тоа што го конзумираат луѓето е здраво за нив, иако се наоѓа во чиста животна средина.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека нашата земја веќе станала и ендемско подрачје за добивање на опасни вируси и бактерии.

Треба да бидеме внимателни кога се движиме и по самите планинарски патеки, вели Новаковска.

Инаку двајца гостиварци од село Симница во јули 2017 година, починаа на Клиниката за инфективни болести, откако кај нив беше пронајдено присуство на хантан вирусот, кој им предизвикува хеморагична треска. Се претпоставува дека вирусот е пренесен од водата кои луѓето ја конзумирале. 

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ