
Домот на културата во Виница е во очајна состојба
Кофи полни со вода е сликата во фоајето на виничкиот Дом за култура. Мириса на влага, бидејќи кровот со години прокиснува. На вработените и на виничани кои секојдневно го посетуваат најтешко им е есента и зимата, кога дождовите им прават дополнителна штетата. Пресметките велат дека за да се реши најголемиот проблем на оваа култура институција чинат 10.000 евра. Средства досега барале од општината и ресорното министерство, но засега нема никаков повратен одговор. Но, наместо да чекаат, раководството одлучило да штеди.
Не е сјајна состојбата и со кино салата, култното место на жителите од овој регион.. Внатре во објектот нема струја, седиштата се затрупани со прашина, а сцената пропаѓа. Но, пристигна добра вест. Општината очекува 14,5 милиони денари од Бирото за рамномерен регионален развој.
Проблеми со културните институции нема само Виница, туку и останатите градови. Дел од домовите за култура немаат греење или кровот им прокапува. Најавено е од од наредната наредната година преку децентрализацијата, овие центри за култура да заминат под локална власт. Градоначалниците сакаат да менаџираат со нив, но не и долговите кои со години ги трупале.
Викторија Димитрова Јованова