Миграцијата кај младите и понатаму висока

Миграцијата во Македонија и натаму има загрижувачки размери, а ако пред пет години основниот мотив на младите да ја напуштат државата беше невработеноста, сега главна причина е квалитетот на живот, велат од невладиниот сектор.

Одливот на мозоци е веќе завршена приказна, останува да се случи одлив на работници. Во фаза во која што сме, генерално не само во Битола, 50 посто од младите веќе се заминати скоро во секој град, а останатите 50 посто размислува како да замине од државата,

вели Зоран Илеивски, коалиција на младински организаии  „Сега“.

Од иницијативата „Сакам да останам“ ентузијастички веруваат дека  Македонија може да биде поубаво место за живеење и дека сите заедно треба да ги подобриме условите за живот. Со мотивациски видео клипови  на луѓе од различни професии кои не заминаа и градат успешни кариери во државата, се обидуваат да ги убедат младите дека и овде може да се успее. 

Идејата е да видиме со што се соочуваат младите зошто заминуваат од државата. Студентите гледаат после завршување да го продолжат својот професионален напредок во некои други држави, а средношколците гледаат после средно школо да се запишат на некои од европските факултети. И ние имаме добри универизтетти, зошто да не се запишат на некои од нашите факултети а потоа своето знаење и интелект да го вложуваат во нашата држава,

вели Каролина Стојчевска, НВО  „Сакам да останам“.

Од граѓанскиот сектор велат дека покрај  владините мерки за вработување, бизнис секторот може да одигра клучна улога со подобрување на условите за работа и покачување на нето платите, но неопходна е трансформација на процесот од образование до вработување, односно поврзување на стручното образование со бизнис секторот. 

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ