
Вратено аудото по филмската кражба во Тетово
Во атарот на тетовска Стримница вчера е пронајдено возилото Ауди кое пред два дена беше одземено од булеварот Илинденска во Тетово, откако сопственикот го оставил незаклучено со клучевите во брава. Возилото му е вратено на сопственикот 31 годишниот тетовец Х.К
Во средата околу 21 часот и 45 минути аудито во разбојничка кражба беше одземено додека сопственикот бил во аптека.
Тој ги забележал крадците и како што се гледа на видео снимката се обидува да ги спречи и да си го врати возилото. ХК не успева да влезе во него се држи на една од вратите додека аудито се движи по улицата и во еден момент паѓа на коловозот здобивајќи се со тешки телесни повреди.
Тој е пренесен во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.