Инженерите за сеизмологија предурпедуваат дека дивоградбите и доградбите не се безбедни

Карпош, Автокоманда, Аеродром населби во кои стари станбени згради се префрабаа, им се долепија доградби. Ниту една задолжена институција или власт не знае со сигурност дали овие згради ќе останат на темелите од земјотрес како оној во Драч. Инженерите за сеизмологија ги немаат во базите на податоци овие објекти, иако сомнежите се дека од скопските згради на силен змеојтрес можат да се урнат само доградбите и дивоградбите кои не биле навреме опфатени со Законот за градба

9 степени според Рихтеровата скала е природната сила која ќе ги тресе но нема да ги урне објектите кои се градени законски, тестирани од институт за земјотресно инженерство, а граѓаните ги препознаваат како новите објекти во Скопје, но и оние на јапонскито архитект Кензо Танге. Овие тврдења од комората на градежниците ги поткрепуваат со употребата на квалитетен бетон, железо и строги контроли кои ги пропишува Законот за градба.

Државата со можноста за легализација на дивоградбите освен што создава нелојална конкуренција, дозволува непроверени објекти да станат домови на една четвртина од наслението во државата.

Според Државниот завод за статистика, заклучно со 2018, од поднесените 430.000 барања за легализација на бесправни објекти има 200.000 нерешени предмети.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ