
dm ЗА ПРВПАТ ОРГАНИЗИРА GIVING FRIDAY!
Дрогериите ДМ во Македонија за првпат организираат „giving Friday“, односно 5% од деншниот промет, од денешниот BlackFriday, ќе бидат наменети за ЈЗУ Клиничка болница – Штип.
„Дрогериите на dm во Македонија по овој повод решија да одвојат дел од својот промет и да го донираат во хуманитарни цели. Па така, во петок, 29 ноември 2019 година, во сите dm дрогерии во Македонија, инспирирани од светскиот настан Black Friday, ќе се одржи иницијатива, под мотото Giving Friday, со слоганот #givingisthenewblack.
Покрај бројните редовни попусти, оваа година dm го претвора Black Friday во добротворна акција, што ќе резултира со радост и помош онаму каде што е повеќе од потребно. Од вкупниот промет на овој ден во сите дрогерии на dm, 5% ќе бидат донирани на ЈЗУ Клиничка болница – Штип.
Оваа акција за прв пат беше промовирана минатата година од страна на одредени земји од концернот на dm, со едноставна цел: да се охрабрат луѓето да направат нешто добро. Оваа година акцијата ќе се одржи во сите 13 земји каде што dm е присутен на пазарите, меѓу кои е и Македонија“, се вели во сооштението.