Почина Жарко Луковски

Во Скопје попладнево на 57-годишна возраст почина поранешниот главен извршен директор на „Т-Мобиле“ Жарко Луковски.

Луковски починал во болница како последица на мозочен удар кој го доживеал вчера. Тој беше на највисоки раководни позиции во „Т-Мобиле“ од 2006 година. Во 2010 година беше назначен за главен извршен директор на „Т-Мобиле Македонија“, а во 2015 година за главен оперативен директор на Македонски телеком.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ