377 евра просечна плата во Македонија, 1062 евра во Словенија

Словенците примаат највисока плата во регионот, додека пак, Македонците се најмалку платени према статистичките податоци на земјите од поранешна Југославија.

Во Словенија на крајот на 2017 година просечната нето плата се искачила на 1.062 евра, што е зголемување од 1,7 отсто во однос на претходната година.

Хрватска е следна, а таму, според најновите податоци, просечната плата изнесува 835 евра.

Следува Црна Гора, во која, според најновите податоци на црногорскиот Завод за статистика, просечната плата последните месеци од 2017 година изнесувала 512 евра.

Републичкиот завод за статистика на Србија покажува, пак, дека просечната плата во оваа земја на крајот на 2017 година се движела околу 459 евра.

Најниска просечна плата на Балканот имаат БиХ и Македонија.

Во БиХ просечната плата се движи до 440 евра. Според Државниот завод за статистика на Македонија, пак, просечната плата изнесува 377 евра.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ