Маврово е подготвен за ски сезоната, недостасува само снегот

Снежните топови се поставени, новата ски патека е подготвена, останува само да паднат температурите под нулата за да започне скијачката сезона на Маврово.

Од раководството на центарот, велат дека прават напори да наликуваат на соседните ски центри и да ги вратат домашните туристи кои претежно одат на зимување во Бугарија и Србија.

Од Ски Македонија, велат дека во сите ски центри недостасуваа инвестиции кои треба да ги вратат гостите. Оттаму сметаат дека државните ски центри треба да бидат водечки во оваа дејност и да прераснат во економски лидери во земјава со оглед на природниот потенцијал со кој располагаме  

Владата треба одлучи кој и како ќе се управува со државните скијачките центри во Македонија. За најголемиот Попова Шапка има изработено физибилити студија кој даде повеќе насоки за нејзин развој. Како најприфатлив според државните власти е во иднина центарот да се развива на основа на јавно – приватно партнерство.  

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ