Луѓето во Македонија се здравствено неписмени

Бизарни случаи- пацент доаѓа во болница со куфер и бара да му се изврши хирушка интервенција, бидејќи неговиот сосед или некој близок му дал дијагноза, а не лекар, се дел од реалност во болниците. Ниското ниво на здравствена писменост ги зголемува трошоците за лекување, сиромаштија и доцно дијагностицирање на болестите, велат од здравствената мрежа на Југоисточна Европа кои  ќе направат акциски план. Според статистиките речиси половина од граѓаните имаат ниско или ограничено ниво на здравствена писменост и немаат доволно познавање за превенција и заштита на здравјето.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ