
Бектеши: Да се одблокира парламентот и да се изгласа Законот за финансиска поддршка на инвестициите
Министерот за економија Крешник Бектеши упапти апел до пратениците што побргу да го изгласаат Законот за финансиска поддршка на инвестициите, бикдејќи тој е во интерес на компаниите во земјава.
Овој закон кој неодамна го предложи Владата во моментов е на платформата ЕНЕР, а треба да почне да се применува од почетокот на март, со цел компаниите навреме да ја добијат владината финансиска поддршка.
Со законот се предвидува поддршка за домашните и странските компании од околу 50 милиопни евра.