40 загинати во земјотресот во Албанија

Бројката на жртвите од земјотресот во Албанија достигна 40 лица. Од под урнатините се спасени 45 луѓе, повредени се повеќе од 650.

16 од загинатите се од Драч, а 23 од Тумана. Но, 40-тата жртва е 32-годишен маж, кој загинал откако загубил контрола врз автомобилот кој го управувал, поради силниот сеизмички шок, во местото Лезе.

Операциите на потрага и спасување се уште се во тек.

Земјотресот со јачина на ударот од 6,4 степени според Рихтер во вторникот, околу 4 часот утрината по локално време, ја стресе Албанија и околните земји. Најсилно настрадани се реоните на Драч и Тирана. Владата вчерашниот ден, 27 ноември, го прогласи за Ден на национална жалост.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ