Седница на собраниската Комисија за политички систем

Во Собранието за денеска е најавена седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, која, меѓу останатото, треба да расправа

На дневен ред на седницата се предлог законите за изменување и дополнување на законите за слободен пристап до информации од јавен карактер, за катастар на недвижности, за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка,  за заштита на личните податоци, сите во прво читање.

Членовите на Комисијата треба да расправаат и за предлог законите за изменување на законите за матичната евиденција, за вештачење, за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Македонија – И читање и за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, сите во прво читање.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ