Договорот од Преспа да се забрза, а Грција во меѓувреме ќе лобира за Македонија за ЕУ

Договорот од Преспа доцни и треба да се забрза неговата имплементација, побара денеска во Скопје грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас. Тој рече дека не се решени сите проблеми од имплементациата и постојат доцнења и од двете страни, за што се предлага документ за следење на имплементацијата.

Ние сметаме дека Договорот е дел кој претставува континуитете на државата и целиме кон целосна имплементација. Треба да забележам дека постои драматичо подобрување на односите – користам придавка која не одговара на подобрување, но последните месеци постои тесна соработка во сите сектори која постојано се развива,

изјави Никос Дендиас, министер за надворшени работи на Грција.

За шефот на македонската дипломатија Договорот е дел од нашиот правен систем и мора да се почитува. И според него имплементацијата е од клучно значење за односите меѓу двете земји. Тој беше поконкретен за тоа што е следно.

Одржување на првата седница на експертската комисија за трговски марки, како и што е можно побрзо состанок на експерткста група за граничните премини,

изјави Никола Димитров, министер за надворшни работи на Македонија.

Во контекст на трговските марки и промовирањето на грчкото заштитно лого „Грејт Маседониа“ Димитров рече дека само преку соработка и грижа за другата страна ќе можат двете држави да бидат грејт т.е. големи, додека Дендиас терминот го употреби во контекст дека голема ќе биде заедничката иднина на двете земји ако ја гледаат добронамерно.

Втората тема на која разговарале двајцата министри беше македонското пристапување во ЕУ за што информираа дека Грција на 9 декември договорила работен појадок на првите луѓе на дипломатите на Македонија и на Албанија со министрите од ЕУ во Брисел.

Овде во Северна Македонија се согласувам со разочарувањето од недобивањето на датум, но немаме простор да гледаме наназад. Од наша страна уште наредниот ден започнавме со активности, и со иницијатива на Грција, Димиторв и в.д. министерот на Албанија, Чакај, се поканети на неформален појадок на Советот за надворешни работи и се надевама дека на тој начин ќе стигнеме поблиску до следниот чекор,

рече Никос Дендиас, министер за надворшени работи на Грција.

Тој се надева дека земјав наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ и оти за тоа ја има целосната поддршка од Грција. Според него важно е да продолжи имплементацијата на европските вредности за што понуди и целосна соработка од неговата земја.

Иако и двајцата министри зборуваа за позитивно придвижување во односите на прес-конференцијата сепак јазикот беше тема на која навидум се пошегуваа.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ