
Нема организатор, нема одговорност за прославата на „Шверцери“ во МНТ
Петочната приватна прослава на државна сметка и во државен објект на навивачката група „Шверцери“ стигна до седница на Владата.
Премиерот Зоран Заев најави дека попладне очекува да добие извештај за тоа што се случувало во петокот по неговото заминување од МНТ а инфромацијата треба да ја дадат министрите Садула Дураку и Хисни Исмаили.
Заев без став околу односно на министрите од ДУИ кои вчера го релативизираа настанот и дивеењето на чаирските навивачи во МНТ.
Министерот за култура Хисни Исмаили вели дека не чуствува ниту вина ниту одговорност за настанот во кој е оштетен репрезентативниот објект на неговот министерство вреден 40 милиони евра.
Министерството не е меѓу организаторите на настанот, тој бил презафатен со посетата на кинескиот колега, слушнал спротивствени изјави и најави дека ќе бара организаторот, без да прецизира кој, да ја надомести штетатат во театарот.
Она што е јасно е дека под плаштот на свеченоста за денот на албанската азбука се подготвувала и приватната прослава на „Шверцери“ во МНТ. Прославата била договорена многу порано а тоа може да се види и на официјлалната страна на навивачката група каде уште минатиот понеделник е најавено гостувањето во МНТ.
Директорката на театарот тврди дека комуникацијата одела лично со пратеникот Артан Груби кој пак негира било каква поврзаност.
Министрите од ДУИ ниту го осудија настанот и дивеењето на навивачите во зградата на театарот ниту пак гледаат нешто спорно во приватната прослава на државна сметка.
Од она што можеше вчера да се види во партерот и галеријата има триесетина расклатени столчиња кои секој момент може да се откачат, искршени лајсни, демолирани орнаменти и искинат тапацир.
Материјалната штета допрва ќе се утврдува исто како и одговорноста.
Огнен Чанчаревиќ