Земјотрес и во Босна и Херцеговина – надлежните смируваат

Алармот дека Балканот го стресе нов земјотрес се вклучи во моментот кога се обидувавме да снимиме изјава од  сеизмолошката опсерваторија – камерата на „Телма“ го регистрираше  земјотресот кој утринава во 10,20 часот ја затресе и  Босна и Херцеговина.

Само тројца сеизмолози од 4 часот ноќеска се на своите работни места за да ги обработат сите податоци од апаратите.

Црвениот телефон се вклучил  веднаш по катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер кој ја погоди Албанија. Но, земјата не престана да се тресе, серија земјотреси од ноќеска го тресат и регионот и  Македонија.

Тлото се уште не е смирено, апаратите постојано регистрираат земјотреси, три се со магнитуда над 5 степени по Рихтер, 4 со магнитуда меѓу 4 и 5 и илјадници помали. Апелираат граѓаните да останат смирени.

„Тоа е сосема нормално сеизмичка активност која го следи силниот земјотрес кој утринава се случи во 3,54 во околината на Драч 170 километри југозападно од Скопје беше почувствуван на целата територија на РМ со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала во западниот дел од македонија охрид, дебар, Тетово гостивар, 4 до пет степени Скопје Кичево, Битола и во источниот дел од Македонија со интензитет меѓу 3 и 4 степени. Сето тоа е според досегашните податоци“- вели Драгана Черних, раководител на сеизмолошката опсерваторија.

Смируваат и експертите. Велат 100 проценти гаранција за квалитетот на градбите нема, но ако се почитуваат сите стандарди при градењето тогаш не треба да стравуваме.

Според нив имаме различни градби, тие кои се градени пред земјотресот 1963, кои го немаат капацитетот на новите кои се градени по сите асеизмички прописи.

„Кај нас согласно важечките стандарди објектите се во кондиција да можат да издржат земјотреси и до 9-ти степен според макросеизмичката скала, но ако тоа може да се трансформира во меркалиевата скала, некаде помеѓу седмиот и осмиот степен“- потенцира професорот Горан Марковски од градежниот факултет.

Од ИЗИИС пак се категорични дека сите објекти кои поминале на контрола кај нив се безбедни, за другите немаат информации. Но велат секогаш постои можност за подобрување.

“Гарантирам дека сите објекти кои ние ги контролираме односно што поминуваат во системот, ние го викаме систем за изработка на мислења ги задоволуваат техничките прописи и закони Тоа поточно од 2013 година па наваму и мислам дека со оваа дополнителна контрола апсолутно се постигна подобрување во изработката и комплетираноста на техничјката документација како и во фазата на изведба. А тие кои не доаѓаат на контрола кај вас: тука не би можел да ви кажам тука постојат други органи, градежна инспекција како на локално така и на државно ниво и мислам дека и они  си ја вршат својата работа  подвлекува директорот на ИЗИС Влатко Шешов.

Граѓаните пак вознемирени по серијата земјотреси кои се почувствуваа и во земјава. Некои дури и се евакуирале пред зградите.

Македонија припаѓа на сеизмички активно подрачје велат од сеизмолошката опсерваторија. Најсилниот земјотрес кај нас е регистриран во далечната 1904 година во Кресна во Пехчево.

И скопскиот регион не е имун на земјотреси, па после катастрофалниот од 1963 година, можноста за повторување на нов катастрофален е во наредните 500 години, но кога не знае ниту науката.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ