
Град Скопје испраќа дронови за потрага по преживеани под урнатините во Драч
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, потврди дека во договор со градоначалникот на Тирана, ќе биде испратена специјална екипа со дронови за помош при пребарувањето и потрагата по преживеани лица под урнатините во Драч.
Шилегов преку фејсбук најави и дека на утрешната седница на советот на град Скопје ќе побара да биде донесена одлука за доделување на помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.
“Имајќи предвид дека за оваа одлука веќе се координирав со советничките групи во Советот, очекувам дека одлуката ќе биде едногласно донесена”.
Истровремено и премиерот, Зоран Заев, информираше дека од утрово владата воспоставила комуникација со институциите на Албанија, изразувајќи подготвеност да биде пружена сета неопходна помош и поддршка.