Скоро цело полугодие основците без нови книги

Иако се приближува крајот на првото полугодие, многу училишта се уште немаат книги. Учениците се принудени да учат од скрипти.

Министерот за образование Арбер Адеми кој во неколку наврати изјавуваше дека учебници ќе стигнат во рацете на основците месецов, сега бара разбирање затоа што јавните набавки биле сложени.  

На немањето на учебници за сите одделенија родителите реагираа дека прераснува во пракса секоја година.

Во меѓувреме тие имаат дополнителни трошоци за копирање на лекциите.

Старите учебници се ишкртани и со грешки, затоа што оштетените книги не се заменети со нови 5 години.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ