Постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација кај 24 вести

АВМУ ќе поведе постапка за утврдување на постоење на недозволена медиумска концентрација кај телевизијата 24 вести. Според  Лазо Петрушевски, претседател на советот,  два наводи во интервјуто на Роберт Димитров, сопственик на Телекабел потврдуваат дека на некој начин, посредно тој е сопственик и на телевизијата 24 вести. Димитров изјавил дека е среќен што направиле бренд , а ова вели Петрушевски може да го каже лице што се чувствува како косопственик.

Воздржано гласаа тројца членови кои го предочија фактот дека ова е второ барање за одземање на дозволата на оваа телевизија. Ова според Зоран Фидановски може да оди во недоглед и да се протолкува како притисок. Немаме ништо против кон ни еден медиум, рече директорот на АВМУ, туку само превземеме активности да се испита дали се точни наводите.

Владата соопшти дека не е надлежна институција за да утврдува дали постои недозволена медимска концентрација  во оваа индустрија во земјава по вчерашното соопштение на асоцијазијата ММА во која членуваат Алсат –М , КАнал 5, Сител и Телма.

Во него асоцијацијата посочува дека е непријатно изненадена од кабелската телевизија ТВ 24 во континуитет  додека се води дебата за законот за медиуми. Побара од Владата, АВМУ и надлежните институции да ја испитаат очигледната спрега на ТВ 24 и Телекабел и да постапат согласно законските прописи за нелегална концентрација на медиумскиот пазар.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ