
„Шверцери“ дивееја во МНТ
Навивачката група „Шверцери“ на скопскиот фудбалски тим „Шкупи“ во петокот во Македонскиот народен театар го прослави својот 30 годишен јубилеј.
На видеата и фотографиите на социјалните мрежи може да се види како „Шверцерите“ во салонот на МНТ во текот на кое предизвикале значителна штета. Според првичните информации станува збор за оштетување на столчињата и откорнати орнаменти од ѕидовите.
Според директорката на МНТ, Симона Угриновска настанот бил организиран од Министерството за култура, но од таму велат дека тие мислеле дека станува збор само за проекција на документарен филм и не знаеле дека навивачката група ќе биде дел од гостите.
„Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата. Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група“, соопштија од Министерството.