Нормираниот учинок, спорен за Уставниот суд

Синдикатите се задоволни од одлуката на Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на членот 2 во делот на нормиран учинок од законот за минимална плата. Иницијативата што ја покрена ССМ пред судот, ја правдаат со фактот дека со нормираниот учинок се обезвреднува гарантираната висина на минимална плата односно им дава можност на работодавачите да не ги исплатат законски утврдените 12 000 денари доколку работникот не ја исполнил утврдената норма. Нормата според нив треба да се утврди со колективни договори

„Во право сме биле, треба да се поништи и да остане така како што се договоривме на совет пред да го вметнат нормираниот учинок“, кажа Пеце Ристевски СИЕР.

Преиспитување на членот за нормиран учинок според дел од работодавачите е бесмислен потег бидејки тој е законски утврден уште пред 6 години. Одредбата тврдат тие има заштитни механизми за работниците,но ако се поништи не ја исклучуваат можноста од откази.

„Ако се укине во прашање ќе е одржувањето на бројот на вработени во преработувачката индустрија. Не викам дека тоа ќе бидат 20% но 10-15 % може“, кажа Ангел Димитров организација на работодавачи ТЕЛ.

Од Министерството за труд објаснуваат дека во законот од 2012 е предвидена обврската минимална плата да се исплатува за полно работно време и исполнет нормиран учинок, но поради можноста за различни толкувања, во договор со сите засегнати страни членот е дополнет, во смисла на тоа кој треба да го утврди учинокот, во кој период , за колку работници  треба да е остварлив.

Но, дали ваквата одредба е Уставна ќе оцени Уставниот суд велат од Мин. за труд. Нормираниот учинок беше жестоко критикуван во јавноста, се тврдеше дека е во корист на газдите а дека на работниците работниците од текстилната, кожарската и дрвната индустрија не им дава никаква гаранција на дека ќе им биде исплатена законски утврдената минимална плата.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ