
Царев врв на Осоговските планини како нова туристичка атракција
Царев врв на Осоговските планини е нова надеж за пет општини од истокот и североистокот за развивање на зимски туризам. Градоначалниците од Брегалничкиот регион се едногласни за негова реализација, но помош ќе очекуваат од Владата.
Средствата од 19 милиони евра само за првата фаза за нив се недостижни. Кочанскиот градоначалник смета дека овој ски центар може да биде рамен на соседно Банско. Студијата предвидува над десеттина ски патеки, жичарници, но и изградба на комплетна инфраструктура.
Додека Царев врв е само пуста желба, за жителите на истокот реалност е Пониква, којашто им нуди скромен зимски туризам. Општините Кочани и Пробиштип доста инвестираа, но и државните институции. Топовите за вештачки снег, вредни еден милион евра кои МЕПСО ги донираше, по неколку години ќе бидат ставени во функција.
Со швајцарски грант од над 90.000 евра се очекува и реконструкцијата на ски лифтовите. Останува во овој центар да се инвестира и во колекторскиот систем.
Викторија Јованова