Штитениците од ВП дом Тетово ќе треба да се вселат во нов објект блозу село Волковија

По 18 години селидба од еден во друг затвор, штитениците од Воспитно Поправниот Дом Тетово, според најавите наскоро ќе треба да се вселат во овој објект, сместен во атарот на село Волковија.

Директорот на ВП Домот Зоран Стојановски вели дека постојаната селидба и престојот во несоодвените установи во исти простории со затворениците влијаело негативно на штитениците.

Toj  истакна дека и новиот домот не ги испоолнува сите критериуми како што налагаат европските конвенции за правата на штитениците, но за разлика од условите во кои престојуваатт досега децата, овој објект е хотел со А категорија

Инаку штитениците заедно со вработените,  во воениот конфлитк во 2001 година беа опоколени и избркани од стариот ВП Дом во Тетово, лоциран веднаш од тетовското Ара Бати Баба Теќе. Институциите и по речиси две децениии не успеаа да ги вратат во објектот изграден по сите стандарди кој сега е целосно во руина.

Сега домот катастарски му прупаѓа на ИВЗ, кои ја добија оваа парцела со денационалиација на земјиштето.  

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ