КОД: Советот на јавните обвинители има право да врши ветинг

Утврдивме дека советот на јавните обвинители има право да врши ветинг односно да ги проверува постапките, интегритетот и евентуални сомнителни врски и исплати на некој обвинител. Но јавно не слушаме често за такви законски предвидени активности на советот.

Ама за корупција меѓу обвинителите, советот крева раце. Тоа е задача на други институции.

Слична улога но за грешните судии има друго тело од другата страна на Вардар половина километар од канцеларијата на Колевски. И таму е совет но судски совет. Со исто оправдување, друг треба да ги потврдува гревовите на судиите.

Само пред 3 и пол години, експерт по име Прибе го состави списокот на итни реформски приоритети за државата во кои беше наведено дека институциите наместо да ја обезбедуват правдата наоѓаат оправдувања за да избегаат од таа обврска. Сега повторно во игра се врати зборот со 6 букви- кој треба да обезбеди испитување на судиското минато.

Миомир Серафиновиќ

Емисијата КОД гледајте ја вечерва на Телма во 19:10 часот

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ