Пендаровски: Со 400 евра просечна плата и јас би се отселил од државата

Белата чума нема да запре ниту наредните две години, оцени претседателот Пендаровски во неговото излагање на Регионален младински форум во Нови Сад. Тој смета дека е потребно менување на менталниот склоп во регионот.

„Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој“, изјави на панелот Пендаровски, кој упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, а таква можност има во иницијативата Мини шенген“.

Со 400 евра просечна плата во регионот Пендаровски рече дека и тој би се отселил да не е претседател.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ