И за ревизорите е сомнителното трошење за патни трошоци на ДИК

Ревизорскиот извештај за трошењето на државни пари во Државната изборна комисија  за време на предвремените парламентарни избори го потврди неконтролираното трошење. Ревизорите трагајќи по документацијата во ДИК откриле дека има недоследности во јавните набавки, во исплатата на надоместоци за луѓето вклучени во изборните активности како и тоа дека ДИК нема никакво одобрение за магацински простор кој го користи за недоверливиот изборен материјал за кој нема направено ниту попис.

Она што го потврдуваат ревизорите е дека членовите на комисијата кои се од внатрешноста земале пари за патни трошоци само врз основа на донесена одлука на комисијата.

„На тројца членови кои се со живеалишта навор од Скопје  во 2016 им е пресметан и исплатен надомест за користење на личен автомобил за службени цели во вкупен износ од 1 798 000 денари. Со буџетот на ДИК не се планирани расходи за оваа намена и се исплаќани од повеќе ставки. Оваа состојба не е во согласност со член 29 од Законот за извршување на буџетот за 2016 година“, соопштија од Државен ревизорски извештај.

Ревизорите за исплатата на овие трошоци побарале од собраниската комисија за избори и именување да го уреди правото за тошоците  на членовите на дик за патување од внатрешноста, но според собранието ДИК е самостоен органи и самостојно со сопствен акт си носи одлука за исплата на трошоци.

Инаку ова не е прв пат ревизорите да реагираат за спорните исплати на тршоци за патување на членовите на комисијата, но огромни суми и понатаму беа исплаќани. Во 2016 та периодот за кој е правен овој ревизорски извештај во состав на комисијата беа истите членови кои лани си поднесоа оставки откако американскиот амбасадор во земјава обелодени дека си делеле огромни надоместоци како награда за работата на локалните избори.

Инаку за ревизорите се неприфатливи и патувањата и сместувањата во хотели на членовите на комисиите за гласање во дијаспората, да не се правдани пооделно за секој, туку на заеднички фактури.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ