
ДУИ, БЕСА и ВМРО за Македонија не прикажале објективни извештаи за финансии на изборните кампањи
Транспаренси интернешнл смета дека е задоцнета реакцијата на Антикорупциската комисија која утврди злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фондови за финасирање на изборната капмпња на ДУИ.
Ова е прв пат комисијата да се произјасни по наше барање, уште во мај укажавме дека за потребите на партијата се слеваат пари од Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македоснки железици-инфраструктура вели Слаѓана Тасева.
Македонски железници-инфраструктура ги отфрла обвинувањата дека биле финасиери на ДУИ. Во писмениот допис директорот Ирфан Асани наведува дека тој ја информирал Антикорупцсиката комисја дека 5% од неговата плата оделе во вид на донација за ДУИ и дека тоа не се средства на претпријатието.
Недоследности во финасирањето на изборната кампања на ДУИ за предвремените парламентарни избори во 2016 констатирал и Државниот завод за ревизија. Во извештајот ревизорот наведува дека партијата не ги прикажала објективо и вистинито приходите и расходите за кампањата, нема информации за договорите и фактурите за политичко рекламирање, ниту пак прецизни податоци за донаторите, не се почитува Изборниот законик.. Али Ахмети е посочен како одговорно лице за извештајот.
Покрај за ДУИ, Државниот завод за ревизија утврдил недоследности и во финасиските извештаи на БЕСА и на Коалицијата ВМРО за Македонија. Левица, Либералната партија, Коалицијата – Алијанса за Албанците и Коалицијата за промени и правда прикажале објективни податоци, додека за Коалициите предводени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ се уште не се завршени сите фази на ревизорските постапки. Поради проблемите со кои се соочуваат политичките партии бараат да се изврши ревидирање на начинот на финасирање на изборните кампањи.
И помалите политички партии бараат да се изнајде начин на следните избори повторно да не се соочат со гломазен и сложен систем на финансирање.
Јулијана Пешевска