
Избегал до Германија, учесник во убиството на Саздовски фатен во Хамбург
Вчера МВР добило известување од германската полиција дека по меѓународната потерница го уапсиле бегалецот Јетон Љужа, учесник во свирепото убиство на Никола Саздовски Саздо во скопска Автокоманда лани во јуни.
Веднаш по бруталното претепување на Саздовски кој по неколку дена на КАРИЛ клиниката почина, осомничениот Љужа избега. Успеал да стаса до Германија, каде по потерница е уапсен во градот Хамбург.
За случајот две 19-годишни затворски казни се пресудени во скопскиот кривичен суд. Обвинетите Бесим Беља и Скендер Демири се во притвор и ја обжалија пресудата.
Саздовски беше нападната и претепан при што главата му била расцепена, кога тројцата млади скопјани му се претставиле како полицајци и прашале дали тој е Саздо. Убиениот бил припадник на навивачката група Комити. Имаше 20 години, а на слична возраст се и осудените за неговото убиство.