Жителите на с. Грчец добија струја

Екипите на ЕВН ги санираа дефектите на електродистрибутивната мрежа во село Грчец. Утрово жителите имаа состанок со претставници на ЕВН и ги уверија дека нема да ги попречуваат екипите кои ќе излезат на терен за да направат поправки и да ја реконструираат електричната мрежа.

„Ова населено место беше подолг период без електрична енергија поради тежината на дефектот кој настана поради неконтролирана потрошувачка на електрична енергија, големиот број нелегални приклучоци и спречувањето на екипите на Електродистрибуција да ја завршат започнатата реконструкција на мрежата. Во конкретниот случај прекин на снабдувањето е настанато на далекуводот кој го напојува селото и во една од диструбутивните трансформаторски станици.“ соопштија од ЕВН.

Жителите од село Грчец неколку дена беа без струја, а за тоа како се справуваа во секојдневието говореа и пред камерата на Телма.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ