
Јовески: Нема основ за дисциплинска постапка за Русковска
Советот за јавни обивнители не е надлежен да утврдува одговорност на обивниител. Државниот обвинител е тој кој може да поведе дисциплинска постапка. Ваков заклучок донел попладнево советот откако ги разгледал дописот на апелациските судии и образложението на обвинителката Русковска која им пратила пораки дека ќе им отвори финансиска истрага. Првиот човек на Советот Ацо Колевски денеска за Телма објаснуваше дека тие одлучува како второстепен орган доколку има жалба.
Апелационите судии испратиле допис и до државниот обвинител Јовески. Тој за Телма потврди дека постапка за Русковска не е отворена.
-Во овој момент не гледаме основи за покренување на дисциплинска одговорност на јавниот обивнител, но ќе почекаме да видиме што ќе заклучи советот на јавни обвинители. Останувам на официјалниот став на обвнителството, вели Љубомир Јовески, републички обвинител.
Официјално обвинителството пред неколку дена се прозинесе дека реакцијата на Русковска била излив на разочарување. Слични се и неофицијалните коментари од таму кои одат во насока на тоа дека Русковска реагирала човечки а не со намера да се реализира закана.
Инаку Обвинителството се уште го анализира решението на апелација и според првичните согледувања немаат законски основ да поднесат вонреден правен лек пред врховниот суд велат од обвинителството за Телма. Тоа што обвинителството не е задоволно од одлука, не е доволно за жалба. Треба да постои и повреда на закон за да се бара заштита на законитоста пред врховен, објаснуваат од обвинителството. До понеделник и ќе ги разгледаат сите опции за тоа што можат да преземат.
Апелациските судии оцениле дека Јанева може да биде обезбедена и со куќен притвор. Во судското решение кое вчера беше објавено се констатира дека здравствената состојба и е влошена и потребни и се подобри услови. Но она што предизвика најмногу реакции во јавноста е тоа што судиите ги прифатиле аргументите на Јанева дека е жена и самохрана мајка која сама се грижи за своите деца. Таа има две полнолетни деца со кои претходно не живееше заедно и од кои постарата ќерка има и свое семејство.
Овие олеснителни причини за куќен притвор не биле доволни за да биде прифатена гаранцијата на Јанева. Судиите Нича, Кадрии и Димитриевски во рок од 5 дена два пати одлучувале по жалби на Јанева. Првиот пат за понудената гаранција во недвижен имот која ја одбиле а во вториот случај прифатиле куќен притвор.
Извори од судот велат доколку ја прифателе гаранцијата Јанева би требало да биде пуштена на слобода а висината на понудениот недвижен имот од околу 200 илјади евра сметале дека не е довлна. Дополнително велат дека мерката куќен притвор е построга од прифаќањето на гаранција.
Елена Ивановска Муковска