Пендаровски – Вучиќ: Македонија и Србија имаат одлични односи, „Мал Шенген“ е инцијатива во која сите земји одЗападен Балкан ќе сакаат да се вклучат

Македонија и Србија немаат отворени прашања, освен разидувањата околу признавањето на Косово, иднината на двете држави е во ЕУ, економската соработка бележи пораст, иницијативата „Мал Шенген“ ќе го зацврсне регионот и во неа ќе сакаат да членуваат сите држави од Западен Балкан. Ова се пораките кои ги испратија претседателите на Пендаровски и Вучиќ, по нивната тет- а тет средба која се одржа денеска во „Палата Србија“ во Белград.

Српскиот претседател Вучиќ за разлика од Пендаровски е поголем песимист околу времетарњето на процесот за преговори и нивното отварање во случајот со Македонија и Албанија, пред се поради несоггласувањата внатре во Унијата.

„Сите чекаме да станеме членки на Унијата. Дали се сигурни тие во Брисел што ќе прават сос ебе и со нас, јас ќе ви каѓам дека тие не се сигурни што точно сакаат со нас. Тоа му го каѓав и на Заев, Рама знаеше. Се чудеше кога му кажав дека нема да отворат преговори“, објасни Вучиќ.

Кога станува збор за економската соработка, двајцата претседатели потенцираа дека трета година по ред бележи пораст и дека оваа година трговската размена ќе ја надмине сумата од една милијарда евра. Токму затоа потенцираа дека иницијативата „Мал Шенген“ е најдобриот договор постинат во регионот со декади наназад. Двајцата претседатели сметаат дека во него треба да членуваат сите 6 држави од Западен Балкан и дека тоа ќе се случи најдоцна за три години.

„Мини шенген мора да се менува со текот на времето бидејчи има слабост. Мора да се најде решение кое ќе ги внесе и Бих и Црна Гора, без прајудицирање околу статусот на Косово.Тоа е дијалогот и како ќе си решат тие.  Добро е да биде што е моѓно поголем.  Одлична инцијатива. Добро е сите 6 внатре и да почнеме да се однесуваме како европјани“, истакна Пендаровски.

Претседателот Вучиќ додаде дека притисоци и противници на договрот имало и ќе има.

„Будали има насекаде. Ние понудивме да разбереме дека постоиме и да се почитуваме едни со други. Ќе инсистирам на инцијативата, притисоци не ме интересираат“, рече Вучиќ.

На денешната тет а тет средба, претседателите Пендаровски и Вучиќ ги прецизираа деталите околу отварањето на културни центри во Скопје и во Белград со што ќе се зацрвсне соработката и пријателстѕвото меѓу двете дрѓави.

Во рамките на дводневната посета, претседателот Пендаровски се сретна и со премиерката Ана Брнабиќ и претседателката на Народното Собрание Маја Гојковиќ, а утре во Нови Сад ќе има средба и со словоенчкиот претседател Борут Пахор.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ