Јанева надвор од палтата заработила плус 157.000 евра

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“.

Министерството за финансии, завчера преку базата ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, освен основните плати на вработените во администрацијата и затоа не може да се дојде до официјална информација за висината на личниот доход на Јанева. Нејзините примања не можеа да бидат потврдени бидејќи беа класифицирани како таен податок.

Најголем дел од дополнителните пари, 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

Во базата се гледа дека поранешната обвинителка секој месец земала по околу 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење, 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „Други трансфери“. Токму овој последен бонус е модусот преку кој Јанева ги зела најголемите суми.   Тој се зголемувал во текот на мандатот – од 1.600, преку 2.200, па сѐ до 4.000 евра.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ