МВР со кривични пријави за стечајни управници, банкари и инспектори

МВР поднесе кривична пријава против 12 лица, меѓу нив стечајни управници, управители, банкари и инспектори.

Се гонат за „злоупотреба на службена положба и овластување“ како и за „оштетување или повластување на доверители“ во стечајна постапка за Акционерксото друштво ЗИК Лозаро – Овоштарство и преработка. Поднесени се кривични пријава за двајцата стечајни управници.

Првиот стечаен управник со намера за себе и за странско правно лице од Британски девствени острови како и за домашните фирми ВИЗБА КОКИНО и САНТАЛ, им овозможил да подигнат кредит заложувајќи го целокупниот имот на Акционерското друштво оштетувајќи го истото за 9,1 милиони ЕУР.

Дополнително овозможил наведените фирми да користат земјоделско земјиште без да плаќаат закупнина на државата оштетувајќи го и буџетот. Вториот стечаен управник се гони за лажно прикажување на фактите во Акционерското друштво.

Кривични пријави има и за управителите во фирмите, за вработен во банка кој без да ја проверува валидноста на документите, склучувал договори во име на банката.

Се гонат и директори на Државениот инспекторат за земјоделство кои во различни временски периоди, иако знаеле за состојбите не овозможиле да се изврши задолжителен инспекциски надзор од Државниот инспекторат за земјоделство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ