Се бара ветинг и за политичари

Корумпираните политичари и државни функционери ќе си заминат од политичката и државната сцена. Покрај за судии и јавни обвинители, ќе се спроведува и ветинг за нив.

Дескоска им порача на судиите и јавните обвинители да не стравуваат од злоупотреба на ветингот затоа што нема да го спроведува извршната власт, туку експерти, а можно е во процесот да учествуваат и меѓународни претставници. Останува на ставот дека е многу побитно да има чесни и професионални судии и обвинители отколку да ги има а да не си ја вршат работата како што треба.

За претседателот на судскиот совет Киро Здравев ова се две зла. Предупредува целиот процес да се води внимателно, да не прерасне во опструкција на правдата.

До Судскиот совет досега се поднесени 60 барања за утврдување одговорност на судии. Разрешен е еден претседател на суд и тројца судии а во тек се и неколку постапки за нестручно и несовесно работење.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ