Судијата Нича добил СМС порака од Русковска откако ја пуштија Јанева во домашен притвор

Судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски се тројцата судии од Апелација кои вчера попладнето донесоа одлука, Катица Јанева да биде пуштена во домашен притвор, откако таа 94 дена беше во затворот во Шутка. Судијата Јани Нича, добил смс порака од обвинителката Вилма Русковска. Што точно напишала Русковска во смс пораката не се знае, но токму таа била протолкувана како закана и атак врз судството и поради неа денеска во скопска Апелација се одржа колегиум. Вчера, Русковска за Телма најави дека ќе има финансиска истрага за судиите кои ја донеле одлуката.

Се очекува соопштението од денешниот колегиум, кое го најави судијата Сафет Кадрии.

Објавено на
© 2026 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ