
Странските инвеститори купуваат само еден отсто од репроматеријалите од домашната индустрија
Странските компании и натаму купуваат само еден отсто од потребните репроматеријали од домашната индустрија. За да се зголеми соработката, странците денеска децидно побараа од овдешните фирми, тие прво да прашаат што точно им треба, а потоа да го произведат со соодветен квалитет, цена и рок на испорака.
„Сакам да им порачам на домашните компании да ја слушнат прво побарувачката, а не само да прозиведуваат. Треба да стапите во контакт со странските компании, да видите што се бара на пазарот, за да ги задоволите тие потреби“, рече Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори.
Владата тврди дека ќе им помогне на домашните фирми да го зголемат својот капацитет за да бидат атрактивни за странците, преку планот за економски раст, со кој за секој иновативен произвоид ќе им ги покрива трошоците дури до 70 отсто, а за брзорастечките компании поддршката е 30 проценти.
Но токму домашниот бизнис денеска се пожали дека малите, микро и средните фирми ги нема во предлог законот за финансиска поддршка, што им создава правна несигурност, па побараа да бидат вклучени во него.
„На овој начин може да се создаде селективен пристап во доделувањето на поддршката за малите претпријатија“, рече Исени.
Вицепремиерот дециден дека за малите бизниси ќе важат и сите мерки од законот, но за нив ќе се обезбеди и дополнителна поддршка. Парите, тврди тој, нема да се делат според субјективен фактор.
Владата ќе ги стимулира и странските инвеститори, оние кои 15 отсто од своите суровини ќе ги набават од локалниот пазар, ќе добијат еден процент поврат на средствата.
Нина Нинеска-Фиданоска