Засадени 18 јапонски цреши на улицата „Максим Горки“

Со засадување на 18 нови јапонски цреши обновен е дрворедот на улицата „Максим Горки“. По бурните реакции на граѓаните откако минатата недела беа исечени јапонските цреши градоначалникот Петре Шилегов, кој беше присутен на денешното садење на црешите рече дека град Скопје продолжува да се грижи за зеленилото.

„ Во 2017 –та  констатирано е заболување на овој дрворед и покрај сите обиди кои ги направивме да се спаси, за жал стана извесно дека дрворедот ќе мора да се отстрани и затоа набавивме нови јапонски цреши. Станува збор за едно многу сензитивно дрво чиј животен век е 30 – 40 години, при што сакам да напоменам во моментот кога се засадиле во 2000 –та година дрвата веќе биле стари десет години, што значи дека на некој начин го достигнале својот животен век“, додаде Шилегов во врска со исечените јапонски цреши минатата недела.  

„Ова е само еден пример како се грижиме за зеленилото на територија на град Скопје и оплеменување на секое катче каде постои можност за тоа. Се надевам дека и во иднина ќе продолжи поддршката од општествено одговорните институции, истакна градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Со помош на донација на ЕБОР дрвјата се купени од страна на вработените од Банката и денеска беа засадени од ЈП Паркови и зеленило.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ