
Шест месеци затвор му изрече Кривичниот суд на Миле Јовановски
Шест месеци затвор му изрече Кривичниот суд на Миле Јовановски за нанесување тешка телесна повреда на 7 јануари 2017, кога физички го нападнал Виктор Стојчев, инаку свештеник по професија.
Таткото на Бојан Јовановски, кој е притворен за случајот „Рекет“, по расправија за паркинг место му нанел повреди на Стојчев, меѓу кои и скршеница на зглобот на ногата.
Јовановски на минатото рочиште ја призна вината, а како олеснителна околност во негова корист може да се земе тоа што, според одбраната, свештеникот упатувал навредливи зборови на сметка на Боки 13.
Одбраната на Јовановски најави поднесување жалба на одлуката на судот.