Заев со ветување за жените од СДСМ, Мицкоски со порака до младите на ВМРО ДПМНЕ

Заев вети еднаква застапеност на жените на изборните листи на СДСМ на претстојните избори, Мицкоски извади морален кодекс со десет правила на однесување за идните функционери. Двете нејголеми политички партии, на две прослави во ист ден. СДСМ го одбележа јубилејот 20 години Форум на жени, а ВМРО прослави  28 години Унија на Млади сили. Додека Заев во говорот целосно се посвети на жените, Мицкоски во своето обраќање пред младите, најмногу време посвети токму на него -ги критикуваше лошите политики на Заев и на власта.

– Ние сме предводници и на концептот 50-50 на застапници на жените во политиката, не како бројка, туку како суштина, како квалитет. И кога, ако не денеска, да кажам дека ме имате на ваша страна. На следните изборни листи СДСМ ќе има 50-50, целосна еднаквост – рече Заев.

Од Форумот на жени на СДСМ, но и гостите од сестринските партии го прогласија Заев за најфеминистички премиер. Бевме, сме и ќе останеме лидерки, двигателки на сите демократски промени во општеството, порачаа тие.

Токму затоа сме тука, тукмо затоа сме насекаде, токму за тоа се бориме. Затоа што ние жените сите жени сакаме само општество во кое што рамноправно без никаков вид на дискриминација ќе ги креираме сите политики и ќе обезбедиме безбедно,хумано општество, општество на насмеани лица – рече Ванчева.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ пак  побараа да се спречи иселувањето на младите. Рекоа дека се вработуваат само децата на функционерите. Наместо да не бркаат да им покажеме каде им е местото- на столбот на страмот на буништето од историјата, рекоа тие.

  • Младите во Република Македонија забоправија што значи да победуваш и да се чувствуваш гордо и достоинствено. Секојневно доживаме порази на секој план. Секојдневно каде и да се завртиме гледаме разочараност и тажни и скиснати лица кои без да говорат кажуваат дека едвај чекаат да се иселат и никогаш повеќе да не се вратат назад – вели Јаулески.

Мицкоски пак не престана со критики за власта. Го обвини Заев за иселувањето, за  буџетот, за прогресивниот данок, за надграденото сваровски судсво како што кажа, за меѓународната политика, за хаваријата во ОХИС. Тој отфрли антиквизација и севернизација на Македонија.

– Колку и да сакаат луѓето од сегашната власт да не наречат екстремни националисти, знаат дека ние сме родољуби патриоти кои си ја сакаат земјата и ги бранат заедничките интереси. И кога говорам за македонизмот говорам дека тој е основата на нашето општество на која треба да се развиваме. Ниту антиквизацијата ниту онаа насилна севернизација која што ни се турка во последно време туку македонизам како космополитска идеја која треба сите нас да не врзува и да нè обединува – рече Мицкоски, по што публиката почна да ја пее „Едно име имаме“.

Мицкоски  најави морален кодекс со 10 принципи кои мора да ги почитуваат идните функционери. Им порача нема функција и бизнис, нема  луксузирње, секогаш да бидат достапни за граѓаните и декан нема да има реваншизам за административците.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ