Багери во Вардар, жителите обвинуваат се вади песок, надлежните тврдат се чисти коритото

Со два багери се копа во Вардар во населбата Керамидница, веднаш зад зградата на Фондот за пензиско осигурување.

Локалните жители тврдат дека од коритото се вади песок и чакал за градежни работи и се поткопува дното на Вардар.

Од друга страна и фирмата која работи и градот Скопје тврдат дека станува збор за чистење на речното корито кое е почнато одпорано и сега се врши во овој дел на Вардар. Еден од присутните луѓе на фирмата ни рече дека тоа што ќе се извади се носи на депонија иако жителите се сомневаат дека сето тоа како градежен материјал се носи на блиско градилиште.

Знак за забрана на сообраќај на возила потешки од 5,5t некој го превртел наопаку

Во Керамидница се жалат и дека тешките камиони ја оштетуваат улицата како и дека постои можност да им ја уништат и комуналната мрежа која сами ја граделе.

-Работат од сабајле до вечер, 6 камиони се менуваат и прават и десетици тури дневно. Во реката има дупка од три метри. Постојано е бука и креваат прав, тешките 20-тонски камиони кои поминуваат иако има знак за забрана за возила потешки од 5,5 тони. Може да ја уништат и улицата која едвај ни ја направија пред две-три години, а може да пропаднат и тешките багери во асфалтот и да ја уништат канализацијата која сами ја поставувавме, тврдат жителите на Керамидница кои разговараа со Телма.

Според жителите претходно кога се чистел кејот биле оштетени и камењата на кејот Вардар.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ