Десковска најави ветинг: Судиите не преземаа ништо за криминалот во нивните редови

Министерката за правда Десковска ќе бара амин од еу  за ветинг во макеоднското правосудство по примерот на Албанија. Во мегувреме очекува да се спроведе како што вели мек ветинг- антикорупциска да го провети имотот на судиите а судскиот совет да разрешува таму каде што има несовпаѓање .

  • Очекуваме, ДКСК да почне сериозна проверка на анкетните листови на судиите и на тој начин да се искористат постојните законски можности за ветинг на судиите врз основа на имотна состојба.Најавувам дека ќе разговараме сериозно со европските партнери за целосен ветинг во судството и јавното обвинителство, изјави Рената Десковска, министер за правда.

Последните лсучувања ја прелале чашата. Со остар тон Десковска им порача на судиите, претседателите на судовите и судската администрација дека ги премолчале аферите поради кои судството има најниска доверба од граѓаните, дека не реагирале  кога застаруваат кривични дела и криминалот останува не казнет но и дека не преземале ништо за информациите дека има бизнис зделки мегу судии обивнитлеи и адвокати.

  • Очекуваме реакција и од Јавното обвинителство и од Судскиот совет за овие постапки. За жал, гласот го слушаме само кога станува збор за распределба за пари. Во судството има најмалку легитимитет да се разговара на оваа тема, имајќи во предвид што се се направи со алоцирање на средства, но имајќи ги во предвид резултатите од нивното работење, рече Десковска.

Од ВМРО ДПМНЕ се за ветниг но не само на судиите туки и на политичарите

  • Ние сме за ветинг. Меѓутоа, ветинг кој што ќе ги опфати и политичарите, а не само одредена структура на вработени  во институција. Затоа што сепак ветингот треба да го прават луѓе кои што немаат инкриминирачки дејствија. Во моментов ветинг предлага влада која што да не речам до гуша е заглавена во секакви криминалии, изјави Димче Арсовски, ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ потсетуваат дека целосен ветингот на политичари судии и обивнители е нивна иницијатива од пред речиси  една година и најавуваат поддршка.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ