Јовевски: Мора да се внимава на здравјето на обвинетите но и на тоа да присуствуваат на судењето за Рекет

Бојан Јовановски бара да оди на преглед на гастро-клиниката, но дури на 20-ти Ноември. Ова за Телма го потврдуваат од Кривичниот Суд, од каде велат дека само што стигнало барањето испратено од затворот во Шутка, го одобриле.

Во него уште се бара да се одобри и евентуална хоспитализација ако има потреба. Ова доаѓа откако вчера беше објавено дека откажал едниот бубрег на Бојан Јовановски, но терминот за кој е побаран преглед е дури после една недела. Во меѓувреме апелација се уште нема одлучено и по жалбата за притворот на екс специјалната обвинителка Катица Јанева.

Се чека комплетиран предмет од кривичниот суд за да може да се решава. Обвинителот Љубомир Јовевски вели дека мора да се внимава и на здравјето на обвинетите но и на тоа да се осигураат дека ќе присуствуваат на судењето кое е најавено да почне на 3-ти Декември.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ