Застој во истрагите на СЈО

Империја за затајување данок, Актор за автопатот Демир капија Смоквица, друмарина  за патарините на Бонева и Поштенска банка за перење пари.

Ова се четирите од вкупно 19 истраги кои за сега се дадени на обвинители од СЈО. Останатите 15 се во застој бидејќи државниот обвинител Љубомир Јовевски се уште не одлучил која истрага кај кој обвинител ќе се падне. Приоритет имале оние во кои има притвори или мерки за претпазливост.

Два месеци по завршувањето на мандатот на обвинителите на СЈО тие за сега ги работат само активните судења за предметите кои се веќе почнати.

Во меѓувреме обвинителите на СЈО и покрај тоа што на хартија се вратени во матичните обвинителства, сепак се наоѓаат во СЈО и се поштедени други предмети освен оние на специјалното обвинителство.

Од друга страна пак има недостиг на обвинители во сите обвинителства, фалат дури и во организиран криминал и корупција, каде се работат истраги кои се најблиски до оние на СЈО.

Инаку не само во истрагите, туку застој има и во преговорите меѓу власта и опозицијата за законот со кој би се решил статусот на СЈО.

Од друга страна пак токму во предметите и истрагите се опфатени функционери кој дури и преговараат за овој закон.

Се погласни се критиките дека од најразлични причини во суд се одолговлекуваат дури и започнатите судења, а голем дел од нив се вратени од почеток.

Последни бурни реакции во јавноста предизвика вчерашната вест дека е застарено делото на екс премиерот Никола Груевски во случајот Траекторија.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ