Од утре започнува обврската за носење зимска опрема

Од утре, 15 ноември, почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година, потсетува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и апелира возачите да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно и непречено патување при зимски услови на патиштата.

Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот при зимски услови на патиштата. Согласно тоа, секој возач треба да користи соодветна зимска опрема пред се заради лична заштита, безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва,

порачуваат од РСБСП.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми, се подразбира, зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази од четири милиметри (4 mm) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази минимум од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ