Анѓушев по најавите за заминување од владата: Во ред е да работите ако тоа биде признаено како добро

А во пресрет на предвремените парламентарни избори Вицепремиерот Кочо Анѓушев кој најави дека заминува од Владата и нема да прифати втор мандат ако СДСМ победи – затоа што  неговите компании бележат намалени добивки.

Но откако медиумите објавија дека двете негови фирми имаат значителни добивки – вели дека лошото работење било годинава а тоа ќе се видат следната година во февруари кога ќе се достават завршните сметки.

Анѓушев од доаѓањето на функцијата се најде на удар на јавноста поради тоа што неговите компании се појавуваа и како учесници на тендери но и бараа пари од Фондот за иновации. По реакциите ги повлекоа барањата. Анѓушев продаде една од компаниите за трговија со струја на грчкото електроспопанство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ