Вработени во МНР се степале во канцеларија

Двајца службеници во Министерството за надворешни работи вчера се степале во канцеларијата која инаку ја делеле а едниот од нив на крајот завршил во болница.

Според информациите со кои располага Телма, станува збор за службениците Владо Сарафов и Трајче Рушев. Која е причината за инцидентот засега не е позната а според полицијата инцидентот го иницирал Сарафов кој го нападнал Рушев удирајќи го со тупаници по главата, лицето и телото. Епилогот се четири конци кои Рушев ги добил во Градската болница.

„На 20.02.2018 година во 16,40 часот, Т.Р.(41) од Скопје пријавил дека истиот ден во 15:20 часот, во канцеларија во зградата на Министерството за надворешни работи на улица “Филип Втори Македонски“ во Скопје, физички бил нападнат од В.С., со кого ја делел канцеларијата. Според пријавата, додека Т.Р. извршувал работни задачи, В.С. го нападнал со повеќе удари со тупаници во пределот на главата и телото. На Т.Р. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во официјалната информација од МВР.

Од МНР засега нема никакви официјални информации околу овој инцидент.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ